СДСМ: ЕХЦИ ги откри лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Од СДСМ со писмена реакција одговорија на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, дека македонското здравство е меѓу најдобрите во Европа. Македонија е прва во светот по несправување со смртност од мозочни удари и втора по смртност на доенчиња, велат од СДСМ.

„Реакцијата на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не можат повеќе со лажни вести да ја кријат вистината што ја откри Европскиот здарвствен порошувачки индекс (ЕХЦИ).

Македонија заедно со Романија е на прво место по лоши резултати во здравството, со смртни последици по здравјето на граѓаните. Во прилог е графиконот од истражувањето на најрелевантното истражување за здравствените системи за Европската комисија, кое што ја рангира Македонија на 34 место по лоши здравствени резултати, од вкупно 35 европски земји!

Македонија e прва во Европа по тоа што не може да се справи со смртност од мозочни удари. Сите земји од регионот се подобри од Македонија кога станува збор за намалување на смртноста од мозочни удари.
Македонија е втора во Европа по смртност на доенчиња!
Македонија е трета во Европа по најлоша стапка на преживувавње на болните од рак!
Македонија е меѓу земјите со најголем процент на граѓани кои страдаат од депресија!

За овие факти, криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема одговор, бидејки знае дека граѓаните избраа нова одговорна Влада која ќе ги преиспита лошите здравствени политики и за сите последици од тендер политиките ќе има одговорност“ стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи