СДСМ: Дурмиши не бил во маркет, граѓаните „заштедиле“ 57 денари за еден месец

Од:

Со голема помпа најавуваната мерка на владата на Мицкоски за замрзнување на цените граѓаните не ја почувствуваа дека воопшто постоеше. Единствено граѓаните почувствуваа само разочарување. Симболични 57 денари, ете толку била заштедата на граѓаните за еден месец, велат од СДСМ.

„Дурмиши очигледно не бил во маркет, не ги видел цените дека нема намалување и дека најголемиот дел од производите останаа со исти цени. Тоа што само за неколку производи се намалија цените со незначителни суми е најголема потврда за неефикасната мерка, која беше лошо осмислена и им дозволи на трговците прво да ги зголемат цените пред да стапи на сила.

Нереалните трошоци кои ги имаат граѓаните заради слабите политики на Владата на Мицкоски и нереалните цени се товар семејствата и родителите секој ден. Бидејќи власта не планира да преземе конкретни и реални мерки СДСМ ќе поднесе закон за вистинско намалување на цените. Нема да дозволиме нашите граѓани да бидат жртви на празни ветувања и политички манипулации“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните