СДСМ: Дури и со розеви очила, Мицкоски не може да ја види визијата за нашата земја

Од:

11 години државата и граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови, додека ВМРО-ДПМНЕ за изживуваше со граѓаните а нивните парите ги трошеше на палми, жални врби, барок и споменици, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

“11-те розеви години на ВМРО-ДПМНЕ се 11 мрачни години за граѓаните на нашата татковина. Заради справување со сиромаштијата што ја остави ВМРО-ДПМНЕ, денес Владата предводена од СДСМ ја зголемува социјалната помош за 300 отсто, за директна помош на 30.000 сиромашни семејства.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со напредокот и успешните реформи, па почна дури да се фали и со мерките на СДСМ. Мицкоски стана промотор на социјалните мерки како таа за намалување на ДДВ-то за парно од 18 на 5 проценти. Дури и со розеви очила, Мицкоски не може да ја види визијата за нашата земја, затоа што е опиен од криминалот и валканите пари на белиот дворец во кој е седнат.”, е наведено во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски