А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Државниот завод за статистика објавува небулозни соопштенија без економска логика

by А1он10/03/2016 - 15:2261
Share0

„Како и сите други институции коишто се партизирани, покрај Уставниот суд, последниве два дена Државниот завод за статистика е епицентарот од којшто треба да се лиферуваат невистини и небулози.

Следете a1on на Instagram Instagram

Никола Груевски неповратно заминува во историјата и ниту едни манипулации со статистичките бројки не можат да го спасат.

Само со директиви по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ послушниците од институциите можат да излезете со податоци што немаат никаква економска логика.

Самопартизирана институција која е притисната да продуцира розови бројки на коишто не им верува ниту самиот Никола Груевски може да излезе со соопштение како денешново.

Следете a1on на Youtube YouTube

Денес Државниот завод за статистика објавува раст на БДП за 2015 од 3,9 проценти при што најголемите контрибутори (создавачи) во БДП – земјоделското производство и индустријата бележат пад односно стагнација.

Како и сите години до сега, ДЗС својата статистичка гимнастика се обидува да ја корегира со уште еден измислен енормен раст на градежништвото.

Најверојатно ниту во Северна Кореја повеќе не може да помине податокот дека во иста година градежништвото рестело со 16 отсто а бруто инвестициите имаат раст НУЛА.

Добрата вест е што никој повеќе, а пред се меѓународните финансиски институции не веруваат на податоците кои ги објавуваат партиски окупираните државни институции.

Слободата доаѓа а со тоа и вистинските бројки и слика за економскиот пустош кој го направи оваа влада во заминување“, велат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Горан Наумовски10/11/2026 - 15:16

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:42

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 12:3707/11/2026 - 12:45

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 12:03

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

Катерина Ѓуровски05/11/2026 - 12:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео