СДСМ: Државата изгради институции коишто се борат против корупција, сите се еднакви пред законите

Од:

За СДСМ актуелниот случај покренат од обвинителството е „доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција“.

„Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот.

Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има“, велат од СДСМ.

„СДСМ ги охрабрува и ги повикува надлежните институции да спроведат длабинска и независна истрага, да постапуваат исклучиво според законите со крајна цел владеење на правото во нашата земја.

Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време