СДСМ: Дрвосечачот Коце не може да зборува за зеленило

Од:

Коце Трајановски не може да зборува за паркови, зеленило и дрвја, ниту заштита на животната средина. Токму Коце Трајановски е познат помеѓу скопјани како човекот кој исече многу дрвја и уништи зелени површини, реагираат од СДСМ.

Во ова му се приклучува и коалицискиот партнер од Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој исече парк во Тафталиџе со многу дрвја.

Власта на обвинетиот Груевски во последните 10 години од Скопје направи најзагаден град во Европа.

За делата на Коце и ВМРО-ДПМНЕ зборува и следната листа на уништени паркови и зелени површини само во изминатите неколку години:

1. Регионалниот пат до Сончев град на Водно

2. Сеча на Водно за „Македонско Етно Село“

3. Уништен паркот спроти хотел Бристол поради изградба на административна зграда (10-катница)

4. Уништени два паркови спроти старата железничка станица

5. Уништен парк пред Домот на АРМ

6. Уништено зеленило во паркот Жена Борец со поставување десетици споменици и скулптури

7. Уништен паркот пред КИЦ за изградба на катна гаража

8. Уништен паркот зад Собранието на РМ за изградба на катна гаража

9. Уништени двете зелени парцели околу плоштадот Македонија за изградба на хотел и градска куќа

10. Уништен паркот зад главната пошта за изградба на барокна катна гаража

11. Исечени старите дрвореди на Илинденска и Климент Охридски заради проширување на лентите за автомобилите

12. Исечени 47 дрвја на УКИМ

13. Незаконска сеча во Скопска Црна Гора која беше и причинител на поплавите во Стајковци

14. Сеча на сите дрвја на плоштадот Карпошово Востание, меѓу црквата Св. Димитрија, Меморијалниот центар на холокаустот и Музејот на македонската борба. На овој простор сега има само бетон и споменици.

15. Сеча над Детската болница „Козле“ на Водно за да се изгради пат за приватна парцела.

16. Сеча во паркот кај киното во Кисела Вода.

17. Сеча на дрвја во Карпош за изградба на катна гаража.

По 11 декември ова ќе се промени. Вистински ќе се посветиме за да живееме во здрава животна средина.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски