Откако со денови објаснуваме дека постои договор „мигранти за пари“, конечно ДПМНЕ-ЗНАМ го признаа тоа. Не само што признаа, туку тоа го поставија и во форма на Резолуција која сакаат да ја верификуваат во Собранието. Во оваа контра Резолуција на ДПМНЕ нема јасна одредба против носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, обид за поинакво дефинирање на мигрантите, велат од СДСМ.
„Во текстот на резолуцијата се вели следното: „Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш по нејзиното изгласување. Во таа насока, оваа Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложиме во Собранието на Република Македонија и од таа причина ги покануваме сите парламентарни партии заедно да ја поддржат“. Со цел да им објасниме на граѓаните дека овде станува збор за игра на зборови, односно поинакво дефинирање на мигрантите. НЕ ПОСТОЈАТ ЛЕГАЛНИ И НЕЛЕГАЛНИ МИГРАНТИ. ПОСТОЈАТ САМО МИГРАНТИ. Мигрантите се луѓе кои ги напуштиле своите домови и избегале во други земји поради војната што ги погодила во нивната земја. Не постои начин да бидеш „легален“ или „нелегален“ мигрант кога бегаш од војна и ја напушташ својата татковина.
Истото ѝ се случи и на поранешна Југославија на почетокот на граѓанската војна. Тие луѓе кои бегаа, а ние ги нарекувавме „избегани и раселени лица“, често нарекувани „бегалци“. Да се биде „бегалец“ или „мигрант“ е идентична работа, само наречена со друго име. Зошто го прават ова? Веќе неколку дена објаснуваме дека ДПМНЕ се обидува да го избегне прашањето за мигрантите. Пред неколку дена Мицкоски, по изјавата „ако некој види нелегален мигрант до пролет“, токму преку дефинирањето на „нелегални“ мигранти објасни дека се обидуваат со дефиниции да го избегнат она што стои зад сето ова! А тоа е „мигранти за пари“. Мигранти во јуни во Македонија. Истото го потврди и Антониот Милошоски од ДПМНЕ гостувајќи во емисијата, каде даде уште една дефиниција – „економски работници“! Со ова е потврдено сè што СДСМ го зборува и за што предупредува.Ова е нивното предавство на Македонија, мигранти за пари. Денеска нивното признание го имаме и на хартија. Потпишано! Ете, граѓани на Македонија, зошто не сакаа да ја потпишат Резолуцијата што ние ја предложивме. Сега го имате и напишано, а наскоро, бидејќи ќе ја достават во Собранието на потпис – и потпишано „со вашиот потпис“, преку пратениците на ДПМНЕ! Вистината секогаш победува! Дали ќе седиме мирно и ќе ги чекаме мигрантите или ќе се спротивставиме? Борбата започна! И нема да престане! Сите ќе одговарате, тврдат од партијата.
