СДСМ: ДПМНЕ со Силјановска нудат враќање назад во изолација, далеку од ЕУ

Од:

Враќање назад, без шанса за напредок ниту за членство во ЕУ, вака прогнозираат СДСМ за иднината на Македонија кога Силјановска Давкова би била претседател.

Соопштението на СДСМ го пренесуваме во целост:

На претстојните претседателски и парламентарни избори граѓаните имаат шанса да го изберат правецот на државата.

Едниот е патот на интеграција во ЕУ, чиј предводник е СДСМ, а другиот пат што го предлага опозицијата е сосема спротивен, тоа е изолација, стагнација, враќање назад во едно мрачно време на национализам и поларизација.

ДПМНЕ, со Силјановска нуди само враќање назад, во изолација, заглавени 11 години без било каков напредок, далеку од ЕУ.

Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат.

Доволно е само да се погледне што се случи во Скопје. ДПМНЕ не донесе никаква позитивна промена, не донесе никаква реформа, само катастрофа.

Ист е примерот и со предлогот за претседателски кандидат на опозицијата во ликот на Давкова.

ДПМНЕ не може да донесе никакви позитивни промени затоа што единствената шанса за Македонија е членството во ЕУ – а тие се против тоа.

Со ДПМНЕ нема ЕУ ниту за 100 години.

Изборот пред граѓаните е јасен. Напред по европскиот пат на напредокот со СДСМ или назад во изолација со ДПМНЕ.

Токму затоа граѓаните ќе ја дадат поддршка за кандидатот на СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната