СДСМ: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски

Од:

Со ниските напади и закани кон Стево Пендаровски ДПМНЕ го врати речникот од 27 април и покажа дека ништо не е променто во оваа партија.Речникот на ДПМНЕ од типот „Стево, пакувај тоа куферите и бегај што подалеку од Македонија“, потврдуваат дека има голема нервоза во оваа партија соочена со пораз на изборите велат од СДСМ.

– Во недостаток на план и програма, во паника од пораз на изборите, ДПМНЕ преминаа во лични дискредитации и закани кон кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски. Знаат од ДПМНЕ дека Силјановска ја нема поддршката од граѓаните. Тоа се виде уште со скандалот со невалидните потписи за нејзината кандидатура, по што ДПМНЕ ја кандидираше со 40 поптиси од пратеници, наместо со потписи од граѓаните, како што тоа го направи Пендаровски со поддршка од 22.000 граѓански потписи. Потоа излезе на виделина скандалот со „оперативниот план“ на ДПМНЕ за нарачани лажни анкети за рејтинзи и креирање штабови за лажни вести. Митингот на ДПМНЕ во Скопје пропадна затоа што граѓаните им кажаа НЕ. По кој знае кој пат го покажаа своето вистинско лице, дека ДПМНЕ е режимска партија, потврден извор на лажни вести, која нема што друго да им понуди на граѓаните, освен изолација, блокади, враќање назад во мрачното минато, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија