СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Од:

Драги ВМРО-ДПМНЕ, повелете докажете го обвинувањата, во спротивно престанете да лажете.

Вие сте лоша копија на старото ВМРО-ДПМНЕ и во исто време сте обвинители, судии и политичари. Повелете докажете ги обвинувањата кои ги повторувате како папагали. Конечно престанете да глумите опозиција кога сте на власт и да се бавите со секојдневни празни соопштенија кон СДСМ. Не ве избраа за тоа граѓаните.

Владата ја наполнивте со инкриминирани кадри од Игор Јанушев до Коце Трајановски. Вие немате никаков легитимитет да зборувате за криминал и корупција, половина од членовите на вашето раководство имаат дебели криминални резимеа, од насилници до организирани криминалци.

Истовремено, демонстрирате голем страв кон претседателот Венко Филипче што само ја потврдува тезата дека СДСМ се менува во правилна насока. Брзо ќе ви заврши медениот месец и ќе треба да покажете резултати од работењето, наместо да се заминавате со опозицијата, реагираа од СДСМ на прес конференцијата на пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус