СДСМ: Добра вест – Заврши мандатот на Ѓорѓе Иванов

Од:

„После 10 години завршува мандатот на Ѓорѓе Иванов. Тоа е добра вест за граѓаните, за државата.
Иванов ќе остане запаметен како лош пример, како не треба да се извршува претседателската функција.
Со заминувањето на Иванов завршува блокадата на напредокот, на интеграциите, завршува блокадата на законите во интерес на граѓаните.

Крајот на мандатот на Иванов значи и крај на промовирањето на поделбите меѓу граѓаните, крај на вештачките кризи и тензиите, крај на уривањето на демократијата и празниот поредок.

Со заминувањето на Иванов завршува урнисувањето на угледот на државата и интеграциите кон НАТО и ЕУ.
Граѓаните избраа напредок и напредокот продолжува.

Република Северна Македонија заврте нова страница на напредок, сигурна и стабилна иднина, членство во НАТО и ЕУ.
Режим никогаш повеќе, продолжуваме заедно напред!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство