СДСМ: Доаѓа живот! Екстерното тестирање ќе го укинемена првата владина седница!

Од:

Екстерното тестирање ќе го укинеме на првата владина седница.

Квалитетот на наставата ќе го обезбедиме преку награди, а не преку казни. Најдобрите наставници и училишта ќе бидат јавно наградувани.

Од оваа 2017 година нема екстерно тестирање и стрес за учениците, наставниците и професорите.

Екстерното тесритање е еден од најлошите потези во образованието во Македонија, што не донесе никакви резултати во образовниот процес, освен што ги истрауматизира децата и учениците. Исто така и служеше на досегашната неодговорна власт за притисоци врз наставниците и професорите.

10-годишната властво заминување експериментираше со образованието и затоа го уништи до темел.

За многу брзо време тоа завршува. Екстерно тестирање нема да има.

Ќе обезбедиме квалитетно образование преку примена на успешен европски модел.

Ќе го намалиме бројот на предмети со коишто се сега непотребно преоптоварени учениците. Ќе го намалиме и бројот на ученици во паралелка, најмногу на 25-мина, со цел квалитена настава.

Ова се само дел од реформите во образованието што ќе ги направиме. Нашата цел е да создадеме успешен и стабилен образовен систем, заинтересирани ученици, мотивирани наставници и професори, спокојни родители.

За сите реформи во образованието ќе водиме јавна расправа и консултации со сите засегнати страни во образовниот процес.

Граѓаните затоа го поддржаа Планот за живот и гласаа за промени.

Наша задача и обврска е од училишните и студенстките клупи да излегуваат успешни млади луѓе, конкурентни на пазарот на трудот, со желба да живеат и да работат во Македонија. И ќе го направиме.

За тоа е потребна нова одговрна Влада на граѓаните на Република Македонија.

Доаѓа живот! Во 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски