А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: До кога граѓаните ќе добиваат полуинформации за листеријата?

by А1он01/08/2014 - 16:2375
Share0

Откако ги кренаа граѓаните на нозе и споменаа дека смртоносната бактерија се наоѓа во колбасите и меленото месо, сега надлежните институции велат дека бактеријата листерија не се криела таму, пишува во соопштение на СДСМ.

Добивај вести на вибер

„До кога граѓаните ќе бидат заложници на половичните информации на државните институции дека бактеријата ја има, но не се знае каде? Уште колку им е потребно на институциите да кажат кои се вистинските причинители на смртоносната бактерија? Ако се земе предвид предупредувањето од одделението за следење и надзор на заразните болести, коешто регистрирало смртност од дури 42,9 отсто, повисока од таа во европските земји во последните неколку години, за што и било алармирано, тогаш каде се досега надлежните со точна информација?“, прашуваат од СДСМ.

Според партијата, нетранспарентноста на надлежните, дополнително ја зголемува неизвесноста кај граѓаните.

„И пред утрешниот празник кога голем дел од граѓаните ги посетуваат туристичките места во Македонија, се лишени од информацијата што смеат, а што не смеат да јадат.Вака граѓаните се ставени во ситуација да не јадат основни прехранбени производи. Се сомневаат дури и во водата што ја пијат, а веќе два месеца нема резултати што е изворот на смртоносната бактерија“, се додава во соопштението на СДСМ.

СДСМ бара сериозност, одговорност и објаснување на овие прашања, со цел елиминирање на сите шпекулации и сомнежи кај јавноста.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он21/02/2026 - 14:53

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:03

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Горан Наумовски20/02/2026 - 16:48

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 14:0220/02/2026 - 19:41

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

Горан Наумовски19/02/2026 - 13:38

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен