СДСМ до ЕК: Иницијативата нема смисла без претходен договор за парламентарни избори

Од:

Во врска со денешната изјава на Петар Стано, портпарол на еврокомесарот Штефан Филе, СДСМ го соопштува следниот став:

Ги поздравуваме и имаме целосно разбирање за напорите кои од името на Европската комисија, ги вложува еврокомесарот Филе за изнаоѓање на решение за излез од политичката криза во Република Македонија.

После “црниот понеделник“, Македонија се наоѓа во длабока политичка криза за чиј излез е потребен политички договор за слободни и фер предвремени парламентарни избори, кои ќе го обноват изгубениот легитимитет на Собранието и ќе го повратат демократскиот капацитет на сите државни институции.

Иницијативата за формирање на “експертска комисија“ што би требало да ги разгледа околностите за настаните на 24 декември, нема никаква смисла без претходен политички договор за предвремени парламентарни избори и во никој случај не е и не може да претставува решение за излез од моменталната политичка криза во која се наоѓа земјата.

Уште еднаш нагласуваме дека кај здружената опозиција постои искрена политичка волја заеднички да ги утврдиме и реализираме сите предуслови за да се постигне политички договор за нормализирање на односите и избегнување на понатамошно продлабочување на кризата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски