СДСМ до Арсовска: Дали поради диловите на Мицкоски за автобуси е прекинат проектот БРТ?

Од:

„Вчера, Христијан Мицкоски јавно кажа дека преговарал со компании и дека бил во завршна фаза за подготовка на тендерска документација за набавка на автобуси за Град Скопје“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Оваа изјава е основа за можна корупција и криминал. Затоа, пред просториите на Град Скопје ја прашуваме градоначaлничката Данела Арсовска:

Во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски преговарал за набавка на автобуси?

Како може да подготвува меѓународни тендери претседател на партија и во чие име?

И клучно:

Дали заради диловите на Христијан Мицкоски е прекинат проектот за бас рапид транспорт во Скопје, поддржан од ЕБРД?

Од ЕБРД не се добиваат тендери. Очигледно на повидок е голем скандал, според зборовите на самиот Мицкоски.

Граѓаните очекуваат одговори и дали претседателот на Советот Трајко Славевски бил вклучен во оваа партиска операција?

Вака Груевски преговараше со Јанкуловска за тоа на М. Вака Јанушев преговараше со Јанакиевски за кинеските автобуси. Вака Груевски најавуваше трамвајски автобуси во Скопје.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска и корумпирана партија од времето на Никола Груевски.

Граѓаните очекуваат одговори од Арсовска.

СДСМ внимателно го следи овој скандал и ги повикува надлежните институции да го разгледаат и да постапат“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот