СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Од:

Секоја најавена „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените завршува со ново поскапување. Дизелот надмина 100 денари за литар. Ова е четврто поскапување за еден месец што ќе повлече и нови поскапувања на храната, транспортот, услугите, се посочува во соопштението од СДСМ.

– Четири пати поскапување, четири нови удари по џебот на граѓаните, додека Мицкоски си беше на екскурзија. Со дизел над 100 денари ударот нема да остане само по џебот на граѓаните на бензинските пумпи.

Кога поскапува дизелот, поскапува транспортот, растат трошоците за производство и дистрибуција. Следува поскапување на храната и другите производи што граѓаните ги купуваат секој ден. Затоа ова не е само проблем на возачите туку удар врз буџетот на секое македонско семејство. Прескапа цената плаќаат граѓаните од својот цеб затоа што а Владата на Мицкоски нема ниту решение, ниту мерка за заштита на стандардот на граѓаните. Граѓаните скапо ги чинат неспособноста и промашувањата на Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов