СДСМ: Димовски не можеше да соопшти ниту еден цитат со пофалба за политиките на Груевски, зашто таков нема

Од:

„Фактот што денеска Никола Груевски се сокри од јавноста покажува каква е пораката од Европската комисија.

Очигледен е срамот и кај Илија Димовски кој добил задача да го коментира Европскиот извештај. Тој дури си дозволи да излаже за напредок во судството, каде што Брисел констатира растечка загриженост за селективна правда.

Димовски не можеше да соопшти ниту еден цитат со пофалба за политиките на Груевски, зашто таков нема.

Ова е најлошиот Извештај за земјава од Европската комисија, во којшто Комисијата најдиректно констатира назадување на Македонија и ја посочува Владата дека ја донела земјата во ќор сокак.

И самиот еврокомесар, Штефан Филе, за да спречи манипулации, преку Твитер порача дека: „Потребна е одлучна акција да се надмине ќорсокакот и да се заржи препораката за преговори“.

Можеби следно што подготвува Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ е исчезнување на пораката од еврокомесарот Филе, од Твитер“, се вели во писмената реакција на СДСМ на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО