СДСМ: Диктирање пресуди и монтирање случаи беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со штанцање на лажни вести, невистини и вештачки креирани случаи, во отсуство на вистински идеи и мерки. Уште една голема лага во низата невистини е и поврзаноста на службените притворени лица од Министерството за транспорт и врски со барањето на мислење од Државното правобранителство за компанијата Тополки, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„Притворените лица кои ги наведува ВМРО-ДПМНЕ се дел од друг судски случај и нема никаква врска со наведеното.

Диктирање пресуди и монтирање случаи беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа време заврши , денес партиите не водат истраги, не одредуваат притвори.

Денес законите важат за сите подеднакво, а институциите работат независно, професионално и во служба на законите.

Ги поддржуваме надлежните институции да работат во интерес на правдата и сите отворени предмети, вклучително и конкретниот за кој лаже ВМРО-ДПМНЕ да бидат целосно расчистени.

Секој за кој низ судска постапка ќе се докаже дека сторил кривично дело ќе одговара без разлика на неговата верска, етничка или политичка припадност.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ