(ВИДЕО) Стоилковски: Судиите да го спречат теророт што се врши врз функционери од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Судиите мора да се оттргнат од канџите на Зоран Заев и да застанат на патот на теророт кој што се врши врз функционери од ВМРО-ДПМНЕ и врз службеничка од Министерството за транспорт и врски. Наскоро ќе одлучува за трето определување на притвор, трета одлука за 30 дневна мерка, за Димитар Димовски, Дејан Митески и Анета Јорданова, а до сега, по два месеца притвор, се уште тројцата не се посетени од Јавен обвинител и немаат дадено исказ! Луѓето се уште официјално не знаат зошто се притворени.

Уште повеќе што со обвинението се опфатени 11 лица, за кои што има идентични решенија од судот, освен во делот за притвор, со што за другите е определена поблага мерка според законот за кривична постапка“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оттука прашуваме, колку време треба да бидат држени како заложници гласноговорници на опозицијата, за да се задоволи хирот на Зоран Заев, на власта за политички прогон врз политички неистомисленици?

Дали Димовски, Митески и Јорданова кои што работат во министерството за транспорт и врски, се жртви на тортура заради бизнисот на вицепремиерот Кочо Анѓушев? Дали се изложени на тортура затоа што си ја работеле работата и побарале официјално мислење од државното правобранителство дали постојат пречки за непосредната спогодба за долготраен закуп на државно земјиште за фирмата „Тополки“ на Анѓушев? За ова информираа медиумите, дека неколку дена откако министерството побарало мислење за случајот „Тополки“, со документ потпишан од службеничката Јорданова, а изработен од Митески, тие завршуваат во притвор.

Притворот не е казна, туку мерка осомничените да не ја осуетат постапката, која што во овој случај е целосно непотребна и неаргументирана. Судот кој што деновиве ќе носи одлука за ново продолжување или укинување на притворот за нив, мора да се одважи и да почне да одлучува врз основа на законот и доказите. Ниту постои можност за повторување на делото, ниту постои можност за влијание врз докази и сведоци, ниту постои можност за нивно бегство. Накусо, доколку се носи правна, а не политичка пресуда, судот мора да ги ослободи од притвор“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања