СДСМ: Деструктивното ВМРО-ДПМНЕ продолжува со блокади на важни закони

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од блокадите во Собранието на важни закони за граѓаните и државата заради личните и теснопартиски интереси на Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ е против новото законско решение со кое државата треба да добие нов, модерен Клинички центар кој ќе обезбедува интегрирани здравствени услуги велат од СДСМ во соопштение.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ блокираат се што е во интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокира важни закони во делот на здравството, одбраната, образованието само заради лични и партиски интереси. Ваквото деструктивно однесување на партијата предводена од Мицкоски е уште еден доказ дека освен блокади, кочења и лажни вести не нуди ништо друго пред граѓаните. Токму затоа се во опозиција, затоа ги очекува нов пораз од граѓаните на локалните избори наесен“ – се вели во соопштението од владеачката партија.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари