СДСМ: Деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги запрат реформите

Од:

„Јавноста ги препозна лицемерието, деструкцијата и блокадата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ кое очајно се обидува да го блокира спроведувањето на зацртаните реформи за кои гласаше мнозинството граѓани и кои носат повисоки плати, нови работни места, независни институции и подобар живот за сите.

Додека Драган Данев обвинува за блокади, токму тој и неговите партиски колеги во Собранието на секаков начин се обидуваат да ја опструираат работата на Собранието и собраниските тела. Преку формирањето десет пратенички групи во Собранието, преку лицемерното поднесување на седумстотини амандмани за буџетот кои ВМРО-ДПМНЕ експресно ги одбиваше додека беше власт и преку скандалозното однесување на претседателката на Комисијата за финансирање и буџет од нивните редови, ВМРО-ДПМНЕ докажа не ја интересираат граѓаните, туку дека се грижи единствено за интересите на партијата.

На граѓаните им е доста од деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ. И покрај сите блокади и опструкции од страна на ВМРО-ДПМНЕ, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе ги исполни дадените ветувања за повисок животен стандард, нови работни места и професионални институции бидејќи граѓаните тоа го очекуваат и заслужуваат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар