СДСМ: Деновиве одлука за ново зголемување на минимална плата над 20.000 денари

Од:

СДСМ преку парламентарното мнозинство и институциите донесе системски решение за раст на минималната плата. За само неколку години успеавме минималната плата да ја удвоиме и од 9.000 денари, денес таа изнесува 18.000 денари, при што веќе нема дискриминирани сектори кои добиваат плата по законскиот минимум како што тоа беше во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ велат од СДСМ.

– Но не застануваме тука, овие денови се очекува ново зголемување на минималната плата и се очекува таа да го надмине износот од 20.000 денари. Со тоа, речиси една и пол година пред предвидениот рок, ќе го оствариме ветувањето за минимална плата од 20.000 денари, дадено пред граѓаните на парламентарните избори во 2020 година. Растот на минималната плата ќе придонесе за зголемување на сите плати во државата, а со тоа и на просечната плата која сега изнесува над 34.000 денари се наведува во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот