СДСМ: Денот на референдумот беше оценет како мирен и добро организиран

Од:

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ не знае веќе што да измисли, соочено со вистината дека уставните измени го зајакнуваат идентитетот и носат членство во ЕУ и НАТО, реагира СДСМ, по прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Јавно објавените уставни измени јасно покажуваат дека со нив се заштитува, зајакнува и гарантира македонскиот идентитет, кој конечно е признаен од целиот свет, вклучително и од Грција. Соочено со вистината, раководството на ВМРО ДПМНЕ не знае веќе што да измисли“, тврди СДСМ.

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ, велат од владејачката партија, се демантирани од сите надлежни институции, како и од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

„Денот на референдумот беше оценет како мирен, спокоен и добро организиран, со мирнa кампања и постапки што се воделе непристрасно. Над 80 проценти од граѓаните и над 90 проценти од излезените граѓани јасно и недвосмислено се „за“ членство во ЕУ и НАТО. Сите пратеници во Собранието, вклучително и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ мора да преземат одговорност, да ја следат волјата на мнозинството и да дадат поддршка на уставните измени“, наведува СДСМ преку соопштение испратено до јавноста.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ-мигранти за пари, проект за железница со пари од договорот со Британија

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

„Сигмоид“ со детали за јавните набавки што ги спомена СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: ДПМНЕ да каже каква е поврзаноста на фирмата од денешната бомба со Миле Јанакиески?

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата