СДСМ: Денеска е потпишан Договор којшто обединува и гради пријателство

Од:

„СДСМ им честита на македонските граѓани.

Македонија се издигна над политките на изолација и поделби, идентитетот е загарантиран, македонската иднина обезбедена.

Преку Договорот се отвораат перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Ја обезбедуваме македонската иднина, стабилноста, сигурноста, економскиот развој и подобриот живот на сите наши граѓани.

Денеска е потпишан Договор којшто обединува и гради пријателство.

Конечниот Договор за решавање на спорот со Грција еднаш засекогаш го обезбедува и гарантира нашиот, македонски идентитет, кој веќе никој нема да може да го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, се обезбедени еднаш засекогаш.

Македонија веќе нема генерации за губење и затоа за овој Договор граѓаните ќе го имаат последниот збор.

На референдум, согласно законите и Уставот, граѓаните ќе кажат ДА за обезбеден и гарантиран македонски идентитет, ДА за целосна интеграција во ЕУ и НАТО, ќе кажат ДА за македонската иднина“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Кузеска: Мицкоски води теснопартиски интереси и слугува на туѓи држави