СДСМ Демир Капија: Лага се обвинувањата дека со оружје се врши притисок врз гласачи

Од:

ОО СДСМ Демир Капија испрати демант на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое што тие обвинуваат за притисок врз гласачи.

„Не се точни обвинувањата што се пуштени на порталот КУРИР.МК на ден 22.10.2017 година спрема нас од страна на Драги и Цонка Јованови. Точно е дека поминувавме покрај куќата на Фамилијата Јованови во момент кога влезе Кандидатот за Градоначалник Трајче Димитриевски заедно со носителот на листата за ВМРО ДПМНЕ, меѓутоа во ниту еден момент немавме никаква вербална расправија, односно не излеговме од нашето возило не влеговме во приватен имот, немавме личен контакт.

Напротив ние бевме нападнати во нашето возило. Цело тоа што е изјавено на порталот КУРИР се невистини, лаги и КЛЕВЕТИ дека сме извадиле пиштол само за да му биде наштетено на кандидатот за Градоначалник од СДСМ како и да го нарушат нашиот углед и чест. Имено фамилијата Јованови се активисти на ВМРО ДПМНЕ и се трудат на секој можен начин да ја оцрнат нашата кампања. Истите имаат дадено лажен исказ и истото може да се провери во органите на МВР од причина што бевме застанати од овластени службени лица и бевме легитимирани и не беше најдено ништо кај нас“ се вели во реакцијата на ОО СДСМ Демир Капија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?