А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Децениската негрижа на ВМРО-ДПМНЕ придонесе Скопје да биде меѓу најзагадените европски градови

by А1он30/11/2018 - 10:09180
Share0

„Долгогодишната, децениска негрижа за животната средина и игнорирањето на проблемот со загадувањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ придонесе Скопје да стане еден од најзагадените градови во Европа.

Следете a1on на Instagram Instagram

Новата градска власт предводена од СДСМ како и државните институции решавањето на проблемот со аерозагадувањето го поставија на врвот на приоритетите.

За таа цел, континуирано се преземаат низа мерки на краток, долг и среден рок, за решавање на долгогодишниот проблем со загадувањето.

Покрај мерките што ги преземаат државните институции и градот Скопје презема континуирани мерки за намалување на загаденоста.

Следете a1on на Youtube YouTube

Зазеленувањето е дел од есенската акција на Град Скопје кадешто ќе бидат засадени околу 3.500 садници.

Најфрекветната сообраќајница во Скопје, на Бит-пазар веќе е засаден нов дрворед од 40 висококвалитетни садници јасен, со што овој простор некогаш познат по сообраќајниот хаос, добива ново зеленило и пешачки простор.

Се чисти и коритото на реката Серава од кал, песок, ѓубре и комунален отпад со што продолжува акцијата за чистење на коритата и каналите во Скопје.

Во изминатиот период на територија на градот расчистени се над 350 диви депонии, воведено е рачно миење на градските булевари и улици, а во училиштата се поставуваат прочистувачи на воздух.

Истовремено, обезбедени се средства за набавка на 40 нови еколошки автобуси што треба да заменат дел од старите и нееколошки автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие.

Доделени се субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети, а мрежата на велосипедски патеки е подобрена и проширена за нови 12 километри.

Ова се само дел од мерките што Град Скопје ги презема за справување со проблемот со загадувањето.

Од страна на Град Скопје, Владата предводена од СДСМ, Министерството за животна средина, општините и надлежните институции секојдневно се преземаат мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух, со крајна цел во наредниот период загадувањето на воздухот да се намали до 50 отсто во Скопје и од 30 до 50 отсто во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он28/09/2026 - 10:3828/09/2026 - 10:45

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 14:1027/09/2026 - 14:13

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 10:56

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски24/09/2026 - 11:1824/09/2026 - 11:41

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 12:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео