А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Децата чии родители добиваат парична социјална помош се ослободуваат од плаќање здравствена партиципација

by А1он29/03/2018 - 09:27138
Share0

„Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведувањето мерки што овозможуваат унапредување на социјалната и здравствената заштита, со посебен акцент на ранливите категории граѓани.

Добивај вести на вибер

Децата чии родители се корисници на правото на социјална помош, се ослободуваат од плаќање на здравствена партиципација.

Оваа мерка опфаќа над 24.000 лица и за таа цел од Буџетот се издвојуваат околу 20 милиони денари.

Со ова се надминува долгогодишен проблем на лицата корисници на социјална помош кои се соочува со тешкотии при обезбедувањето здравствени услуги за нивните деца поради неможноста да платат партиципација, а сето тоа негативно се одразуваше врз нивното здравје, раст и развој.

Одлуката за ослободување од плаќање на партиципација за лицата до 18 годишна возраст, чии родители примаат социјална парична помош, го олеснува пристапот до здравствена заштита за една ранлива категорија граѓани и истовремено обезбедува заштеда на средства кај овие семејства.

Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на своите заложби за градење на ефикасен и достапен систем на социјална и здравствена заштита и продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат унапредување на квалитетот на живот за сите граѓани, затоа што секој е важен“, се вели во соопштението на СДСМ.

mtspmzsdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто