СДСМ Дебарца: Кој одобри да се копа по заштитниот насип од каналот на река Сатеска?

Од:

„Според Проектот за изградба на фекалната канализација која треба да го поврзе селото Мешеишта со Колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро, која е во тек и кој се  финансира со средствата од заемот од Светска банка трасата на канализационата мрежа требаше да поминува во самото подножје на заштитниот насип од регулираниот канал на реката Сатеска. Од приклучокот во колекторот се до пред селото Требеништа  се копаше според проектот, во подножјето на насипот, а во понатамошната делница од сосема непознати причини трасата е изменета и се копа по самиот заштитен насип. Сосема нејасно е зошто е изменета трасата, ако се има во предвид дека и земјиштето во подножјето на насипот и уште три-четири метри од него се дел од насипот, односно се сопственост на Република Македонија.

Изведувачот на работите, градежната фирма “ Бокоп”  Боровец копа ровови длабоки 3-4 метри и  земјата што ја вади ја депонира во самиот канал, а делницата каде е завршено копањето и се поставени цевките воопшто не е зарамнета и уредена.

12417587_794143050691475_7400288231928374030_n

Оттаму, сосема оправдано се поставува прашањето  зошто е изместена трасата и кој воопшто одобрил, ако одобрил,  да се копа по самиот заштитен насип, кој претставува посебен водостопански објект.  Дали за тоа се информирани надлежните од АД “Водостопанството на РМ”, чиј водостопански објект е каналот.

Со ваквите градежни активности се постапува спротивно на одредбите од член 167 од Законот за водите според кои заради заштита и спречување на оштетувања на водостопански објекти се забранува да се изведуваат градби или да се вршат градби со кои се загрозува стабилноста на насипите, да се копаат прокопи и паралелни канали по должина на насипот, како и да се вршат други работи со кои се оштетуваат водостопанските објекти.

Преземањето на ваквите градежни активности директно ја доведува   во прашање стабилноста и водонепропустливоста на самиот заштитен насип, а кое нешто може да има големи штетни последици во случај на надоаѓање на поголеми количества на вода по каналот.

12670125_794141787358268_1263709920976467020_n

Ценејќи ја за оправдана загриженоста на граѓаните на Волино бараме  објаснување од  надлежните во општината, како и за изведувањето на градежните работи по самиот канал да се произнесе АД “Водостопанството на РМ”, а надлежниот водостопански инспектор, согласно своите надлежности од член 230 од Законот за водите да утврди дали во конкретниов случај се почитуваат забраните од членот 167 од Законот за водите.

Ова од причина, што безбедноста на луѓето и нивниот имот се од  првостепено  значење“, се вели во соопштението на СДСМ Дебарца.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов