СДСМ: Дали Сиљановска е запознаена со случајот „Титаник“ против партијата чија што кандидатка е?

Од:

„Освен што ги менува ставовите на дневна основа, Гордана Сиљановска покажува непознавање на историјата или пак свесно почна и да извртува историски факти, да измислува митови во дневнополитички цели.

Историски факт е дека немало Македонци меѓу преживеаните од несреќата на бродот „Титаник“. Но тоа не ја спречува Силјановска да митологизира несреќи, за да продолжи со својот лажен патриотизам.

Има доста Македонци во еден друг Титаник – предметот на Специјалното јавно обвинителство за дела против изборите отворен против ВМРО-ДПМНЕ, партијата чија што кандидатка е Сиљановска. Па во некоја друга прилика Сиљановска може да каже што мисли за овој случај кој се занимава со изборни нерегуларности и дела против изборите, кадешто главни обвинети се високи функционери на партијата што ја кандидира.

Со извртувањето на историските факти, со измислување митови и легенди, Сиљановска покажува дека е иста како Ѓорге Иванов.

Затоа граѓаните нема да дозволат нов Иванов кој ќе лаже за минатото и ќе работи против иднината. Граѓаните ќе изберат вистински претседател кој достојно ќе ја претставува државата и ќе води напред кон иднина во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме