СДСМ: Дали пропагандата на Груевски се плаќа со пари на граѓаните?

Од:

„Покрај „Курир” и „Република”, и провладиното „Радио слободна Македонија” молчи за високите, милионски приходи.

Само овие три владини медиуми, за три години, оствариле приходи од 3 милиони евра!

Според податоците од Централниот регистар, „Радио слободна Макдонија“ во 2013 година само со еден вработен „Радио слободна Македонија“ остварила 242.000 евра приходи.

Како е можно со само 1 вработен, овој провладин медиуми да оствари приходи од 242.000 евра?

Заедно со 2014 година вкупниот приход на “Радио Слободна Македонија” изнесува над 617.000 илјади евра.

Јавноста знае дека еден од сопствениците на радиото Слободна Македонија е фирмата НВСП.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Преку проектот Вистината за Македонија, јавноста дозна НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои Мијалков.

“Курир” три недели молчи за поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир”, со Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП на Стајковиќ.

Вистината за Македонија исто така откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бараше за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Дали пропагандата по нарачка на Никола Груевски, за прикривање на криминалот и корупцијата во изминатите 10 години, се плаќа со пари на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите