СДСМ: Дали на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им пречи успехот на Македонија, па затоа не соопштуваат став за референдумот?

Од:

„После години на изолација, поделби, уназадувања и неизвесност, Македонија конечно се движи во добар правец, кон целосна интеграција во ЕУ и НАТО кои се врвни стратешки интереси.

Дали на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им пречи успехот на Македонија па затоа не соопштуваат јасен став за референдумот и најважното прашање за македонската иднина?

Дали молкот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ значи противење на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ?

Граѓаните знаат дека Македонија и вредносно и цивилизациски припаѓа во ЕУ и НАТО и без разлика на неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ја препознаваат историската важност.

На 30 септември граѓаните ќе ја искористат историската шанса и ќе изберат иднина, ќе изберат влез во ЕУ и НАТО со зачуван македонски идентитет.

Граѓаните ќе излезат за македонската иднина“ велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он