СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Од:

Тимчо Муцунски во Вашингтон зборувал за „потврдена определба“ и соработка со САД. Прашањето е дали им ја кажа целата вистина на нашите стратешки партнери? Дали Муцунски им спомена дека во македонската влада седи човек кој јавно промовира соработка со „Ноќните волци“ на Путин и со Комунистичката партија на Кина, велат од СДСМ.

– Дали им кажа дека ВМРО-ОКГ намерно ја кочат Реформската агенда за да го блокираат европскиот пат на Македонија и да ги исполнат желбите на руската страна? Дали им кажа дека реформите се стопираат токму затоа што Европа носи независно судство, европско обвинителство и одговорност за криминал и корупција, нешто што прво Мицкоски, а потоа целата негова организирана криминална група, не го сакаат? Нашиот стратешки партнер, САД, заслужува да ја знае вистината. Не само за „определба“, туку и за тоа дека дел од македонската влада работи по агендата на Белград, Пекинг и Москва, а не за интересите на Македонија. Дали Муцунски им ја пренесе оваа вистина во Вашингтон? Или повторно се обиде да ја прикрие реалноста пред нашите сојузници? Граѓаните на Македонија заслужуваат одговор, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ го обвини Мицкоски: ЕК нотира системски притисоци врз правосудството

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство