СДСМ: Дали Инспекторатот за животна средина свесно ја излажал јавноста за цијанидот во Крива Река?

Од:

„Во врска со сериозниот еколошки инцидент на 14 март во Крива Река, СДСМ изразува длабока загриженост и ја повикува јавноста, институциите и правосудните органи да не дозволат овој случај да биде заташкан. Се работи за сериозно загадување на реката и животната средина, кое може да има долгорочни последици по здравјето на граѓаните, водите, почвата, земјоделството и целиот екосистем во регионот. Најалармантно е што постојат сериозни сомнежи дека државните институции, пред сè Инспекторатот за животна средина, свесно прикривале информации и намерно ја дезинформирале јавноста. Иако биле обврзани по закон веднаш да земат примероци и да утврдат присуство на опасни хемикалии во водата, тоа не било направено. Наместо анализа, било објавено дека се излеала „само вода“, што е тешка лага со можни кривични последици“ соопштија денеска од СДСМ.

Од партијата велат „дополнително загрижува тоа што има индиции дека инспекторите кои излегле на терен имаат директни или индиректни врски со фирмата Булмак 2016. Ова е очигледен судир на интереси кој фрла сомнеж врз целиот надзорен процес и отвора прашања дали државата свесно ја штити компанијата Тораница на штета на здравјето на граѓаните“.

„СДСМ бара од Јавното обвинителство итно да отвори предмет за овој случај. Очекуваме Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина да ја информираат јавноста дали Булмак 2016 работи согласно А интегрираната еколошка дозвола, со оглед на тоа дека ова не е прво прекршување. Бараме и објава на сите релевантни инспекциски извештаи, како што налага законот, и утврдување на индивидуална одговорност за сите службени лица кои не постапиле согласно прописите. Граѓаните имаат право да знаат што се случува со нивната животна средина. Никој нема право да си игра со нивното здравје. Потребна е транспарентност, одговорност и решителност. Овој случај нема да помине незабележано“ е ставот на опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД