СДСМ: Дали и Савески е на екскурзија?

Од:

Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. Претходно Мицкоски уверуваше дека водата е технички исправна. Како знаеше? Имаше „чувство“? Сега фокусот е на следење хепатит. Зар истиот Клековски не тврдеше дека епидемијата завршила, иако долго време ја криеше? Сега поторно има проблем, а тој како „стручњак за хепатит“ ја следи ситуацијата? Тошковски сигурно исто ја следи – како стручњак за хиперхлорирање и испирање цевки, велат од СДСМ.

– А како тогаш со недели уверуваа дека водата е „технички исправна“? Како граѓаните да ја користат за капење и миење кога во неа имало бактерии и вируси? Како Мицкоски, Клековски и Тошковски да зборуваат за контрола, кога претходно рекоа дека водата може да се користи? Клековски минатата недела најавуваше дека водата наскоро ќе биде за пиење. Сега е полна со бактерии. Не една – туку многу различни. И сè уште нема ниту еден јавно објавен документ врз основа на кој дозволија користење на „техничка“ вода.

Илјадници луѓе се отруени. Речиси 5.000 луѓе завршија по болници. Отруена е и самата болница во Гостивар – пациентите се превезуваат во Тетово. И сè уште нема никој да одговара, ниту едно име од власта. Ама знаеме кој даваше изјави дека водата може да се користи. Знаеме кој дозволи да се користи вода која била загадена уште пред јавноста да дознае за труењето. Имаме и изјава од Стојанче Ангелов дека има бактерии. А Обвинителството?

Ало, Савески? Дали сте на екскурзија? Или правилото „обвинителот не се повикува“ важи само кога не станува збор за Мицкоски? Мицкоски може од Собрание, од телевизија и по телефон. Граѓаните не можат. Граѓаните сега можат јасно да ги видат на дело сите овие „стручњаци“ на криминалната група ВМРО – почнувајќи од шефот на тендер-бандата, Христијан Мицкоски. Можете ли да замислите како би се снашле во Корона -криза? Народниот правобранител веќе отвори предмет. Граѓаните чекаат. А Обвинителството сè уште молчи. До кога, велат од партијата,

Би можело да ве интересира

Савески: Сите кандидати се докажани професионалци, во тек се изборите за нов шеф на ОЈО ГОКК

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните