СДСМ: Дали е точно дека лица со Ковид на кои им е потребен респиратор не се примаат на интензивна нега на Инфективна клиника

Од:

Според инфомрациите кои стигнувале до СДСМ, во моментов одделот за интезивна нега на Инфективната клиника не работи и не прима пациенти со Ковид на кои им е потребна респираторна поддршка соопштија од партијата.

– Според извештај до кој дојде СДСМ, директорот Фадил Цана информирал до Мој Термин дека не работи интензивната нега. Прашуваме дали ова значи дека ако има потреба од респиратор за било кој пациент, истиот нема каде да биде примен? Дали можеби пациенти со ваква здравствена состојба се примаат на Карил? Доколку е тоа случај, тогаш се ставаат пациентите на Карил во огромен ризик. Што прави во моментот Министерството за здравство по ова прашање и дали е точно дека има пациенти кои се вратени, а имале потреба од респираторна поддршка? Очекуваме одговори во најкус рок. Доволно е само еден пациент да не е примен а е во тешка состојба со Ковид и може да донесе жртви од оваа болест, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните