СДСМ: Дали ДПМНЕ сака да обвини 75% од младите во Македонија дека се лицемерни?

Од:

„Дали ВМРО-ДПМНЕ сака да обвини 75 проценти од младите во Македонија, кои не ја гледаат својата иднина во сопствена држава, дека се лицемерни?

Или можеби Светска банка е лицемерна што го објавила фрапантниот податок за огромната невработеност кај младите?

Застрашувачките факти кои ги чувствуваат младите во Република Македонија, огромната невработеност од 58 проценти, 250.000 иселени од државата, хорор условите во образованието, руинираните студентски домови, неизвесната иднина, се најголемите „дела“ на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, дури 75% од младите во Македонија денес сакаат да заминат од државата.

Да беа успешни политиките на ВМРО-ДПМНЕ младите ќе останеа дома и својата иднина ќе ја гледаа во сопствената држава а не надвор од неа, како што е сега“, се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он