СДСМ: Дали Димовски го заслужува статусот студент на правен факултет?

Од:

Во животот ништо не е случајно. Па ни фактот што на полни 33 години Илија Димовски никако да се стекне со титулата дипломиран правник. Човек што дефинира официјален документ, како што е извештајот на Комисијата за настаните од 24-ти Декември, како „хартија од палома” прашање е дали го заслужува статусот студент на правен факултет, прашуваат од СДСМ.

Уште потрагично е што и неговиот партиски шеф, носителот на функцијата Претседател на владата на Република Македонија, магистерот по економски науки Никола Груевски, правните квалификации во документ од суштинско значење за државата ги дефинира како невалидни. Вечниот студент по право и посветен партиски службеник, Илија Димовски, денеска само ја дообјасни формулацијата на премиерот Груевски.

ВМРО ДПМНЕ прави натчовечки напори да го минимизира значењето на документот и да ги девалвира заклучоците и одговорноста за прекршување на Уставот од страна на ВМРО – ДПМНЕ на 24-ти Декември минатата година.

На граѓаните останува да ја проценат посветеноста на владеењето на правото како и цивилизациски дострели, вербалниот капацитет и уличарската елоквентност на Груевски и Димовски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он