СДСМ: Да се обединиме, државата оди напред само ако и Скопје влече напред

Од:

„Разобличени се сите дезинформации во јавноста за наводни нови парламентарни мнозинства. Сите партии од коалицијата јасно потврдија дека имаме парламентарно мнозинство и владина коалиција која е стабилна, обединета, коалиција која го води нашето општество напред, силна и сплотена“, соопшти СДСМ.

„Продолжуваме да работиме посветено, заедно за доброто на граѓаните. Пред нас имаме друг предизвик. Граѓаните ни упатија критика. А, ние тој став го слушаме и го уважуваме. Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки.

СДСМ ги слуша луѓето, не гази врз нив. СДСМ учи од грешките. Постојано се менуваме и ги поправаме грешките за да обезбедиме подобар живот за граѓаните. Ние сме демократска партија која се менува после критика.

СДСМ од понеделникот влезе во процесот на унапредување на комуникација со граѓаните и на тој начин стануваме уште подостапни за народот и ги зајакнуваме механизмите за брз одговор на сите потреби. Од овој момент, постапуваме по насока која ја дава народот.

Да се обединиме и да го дадеме гласот за напредокот на државата. Во вториот круг сме во 40 општини меѓу кои и Град Скопје.

Токму Скопје ја влече државата напред. Скопје е наше, на сите. Пред се на скопјани, но и на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и другите. Напредокот е невозможен ако Скопје продолжи назад.

Гласот за СДСМ на 31 октомври е глас за живот во слобода и демократија, со власт која слуша и се корегира, а не со режимска власт пред која народот молчи.

Со СДСМ продолжува растот на платите, пензиите, стипендиите, парите одат кај граѓаните, во мостови, железници, булевари, а не во споменици.

Земјата продолжува да се движи по европскиот пат за кој сме цврсто определени, наместо за нова неизвесност, кавги и поделби.

Да се обединиме околу идејата која води напред, во иднината, кон подобар живот и слободно утре. Ние знаеме како тоа да го овозможиме. Обединети!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски