СДСМ: Чулев да го утврди датумот на снимката кога Мицкоски вежбал во фитнес-сала

Од:
„Залудни се обидите и лагите на ВМРО-ДПМНЕ и министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, да ја убедат јавноста дека видеоснимката е стара и дека нивниот шеф Мицкоски не ги почитува мерките за спречување на ширење на коронавирусот. Иако датумот кога е направена видеоснимката сè уште не е утврден од страна на полицијата, Чулев ја затвори истрагата и побрза случајот да го објави во јавноста“, реагираат од СДСМ, по објавената снимка на која се гледа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како вежба во фитнес-сала.
Од СДСМ велат дека утврдување на датумот на видеоснимката е клучно за да се утврди дали Мицкоски, во придружба на командантот на единицата „Тигри“ и уште еден полициски работник, посетувал фитнес-сала во време кога на сила се забраните против коронавирусот.
„Но, и оваа груба лага не го покрива неодговорното и арогантно однесување на Мицкоски. Граѓаните не забораваат дека и претходно, исто во период на забрана за работа на фитнес-салите, во медиумите се појави фотографија како Мицкоски со спортска торба излегува од фитнес-центар, а потоа призна дека бил во посета, но само да ја земе торбата која му останала таму. И овој случај е завршена приказна за Чулев без да ја извести јавноста што навистина барал Мицкоски таму. Последниот случај со видеоснимката на Мицкоски и на командантот на ‘Тигрите’, Бисовски, е класичен пример како министерот пред време се става во заштита на Мицкоски. Злоупотребата на Чулев и Мицкоски на клучна институција за лични и партиски интереси е класична одлика на однесување на ВМРО-ДПМНЕ и е неприфатливо. Скандалозно е во ситуација во која полицијата нема утврдено од кога потекнува снимката, министерот да носи заклучоци кои се штетни за правната држава и за владеење на правото“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче во Струга: Да се избориме за држава што не е ничија приватна сопственост

А1он

Мицкоски: Да не дозволиме СДСМ да биде влада во Македонија

А1он

Мицкоски и Мацут на средба во Скопје: Ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Контрола врз загадувачите и редовно чистење на дивите депонии

Герасимовски: Инвестиравме над 13 милиони евра во Центар, за градинки, училишта, улици, хигиена

СДСМ: Мицкоски и неговите соработници се заплеткани во бугарски бизнис интереси