СДСМ: Честит 1-ви април, денот на Мицкоски и неговите лаги!

Од:

„Денешниот ден е на Христијан Мицкоски и неговите лаги. Во отсуство на програма, план, идеја и визија, Христијан Мицкоски своето делување го сведе на лажни вести, деструкции и блокади на иднината на државата и граѓаните.

Во морето на невистини и лаги пласирани од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да се издвојат:

Мицкоски лажеше дека не бил асистент кај неговиот татко-професор, се потврди сосема спротивното.

Христијан Мицкоски излажа дека не добивал пари за неговиот ангажман како советник на Никола Груевски, инаку негов ментор. Се потврди дека ангажманот како советник на Никола Груевски, ги чинел граѓаните околу 2 милиони денари.

Мицкоски лажеше и за бизносот со хидроцентралите и земјиштето што го добил од владата на Никола Груевски, токму во времето кога му бил советник на Груевски.

Помеѓу последните е лагата на Мицкоски дека неговата партија поднела амандмани до Министерството за правда во хартиена форма, што се покажа дека е целосна невистина.

Тоа е Христијан Мицкоски, лаги, деструкции и ништо друго.

Честит 1-ви април, денот на Мицкоски и неговите лаги“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците