СДСМ Центар: Знае ли кандидатот на ДПМНЕ за Центар за која општина се кандидираше?

Од:

„Кандидатот за градоначалник на општина Центар од ВМРО ДПМНЕ, Дејан Јовановски вчера најави бесплатното паркирање за центарци, нешто што беше ветено од СДСМ на изборите 2013-та година во општина Центар, а потоа и целосно реализирано.

Покрај бесплатниот паркинг за жителите на Центар, без надомест може да паркираат и новинарите и спортистите.

Уште во јуни 2013-та година жителите на Општина Центар бесплатно го паркираат својот автомобил на целата територија на Општина Центар без временски ограничувања.

Повластена паркинг-карта за едно возило без надомест може да си обезбеди секој жител на општината Центар на сите паркиралишта со кои стопанисува јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“. Во Капиштец секој жител може да го паркира своето возило на улицата Народен фронт, на монтажниот паркинг што го изгради општината, на паркингот на Васил Ѓоргов, на улиците Козара, Елисие Поповски Марко и на помалите улици во оваа населба.

Новина е и тоа што постојните паркинзи лоцирани непосредно пред станбените згрaди во Капиштец ќе бидат резервирани само за станарите и исклучиво тие ќе може да ги паркираат своите возила на овие означени локации“, се вели во соопштението на СДСМ Центар.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски