СДСМ: Цели 11 години криминалот на режимот беше целосно под заштита од институциите

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Забелешките во однос на корупцијата се должат на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кое допринесе корупцијата да се распространи до невидени размери.

Враќањето на правото и правната држава и неселективната борба против криминалот и корупцијата се императив за СДСМ и владата постапува по сите препораки во нејзина надлежност за тие ќе бидат имплементирани.

Цели 11 години криминалот на режимот беше целосно под заштита од институциите на системот. За да се прикрие криминалот и корупцијата ВМРО-ДПМНЕ ја партизираше дури и Комисијата за спречување на корупцијата.

Така партизирана, Комисијата не само што ја уништи оваа институцијата туку допринесе дополнително да се рашири корупцијата. Граѓаните паметат дека за претседател на ДКСК беше назначен Игор Тантуровски, донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Не може да се борите против корупцијата со партизирана антикорупциска комисија.

Токму криминалот на фамилијата во тие 10 години ја смести земјата во групата на земји коишто имаат сериозен проблем со корупцијата. Македонија го делеше 66 место, со Сао Томе и Принципе во извештаите на Транспаренси.

Граѓаните слушнаа од политичките бомби како Груевски и Јанакиески договараат милионски провизии само за еден пат.

Фирми на Белизе и рајски шеми за испумпување на парите на граѓаните и богатење на фамилијата беше синоним за криминалот и корупцијата цели 11 години.

Тендерот за Трансмет во вредност од 17 милиони евра за ископ на јаглен во РЕК Битола е само еден од низата примери за тоа како ВМРО-ДПМНЕ ги испумпуваше парите на граѓаните.

Пресудата за овој случај, како и бројните судски процеси кои се водат против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ќе покажат колку граѓаните се оштетени од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија сега се движи во правец на одговорно, отчетно и транспарентно владеење со почитување на прописите и законите. Владата предводена од СДСМ за само една година станува најтранспарентната Влада во регионот.

Интензивно се работи на препораките на ГРЕКО, дел од оние препораки што се во надлежност на Владата се исполнети, дел се во фаза на исполнување. Препораките ќе се имплементираат како што е посочено“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници