(ВИДЕО) СДСМ Битола: ВМРО-ДПМНЕ и заминатиот премиер Груевски го раскрчмуваат културното наследство за криминални цели

Од:

„Од ова исто место во четвртокот СДСМ се огласи со прес конференција на којашто ја обелоденивме најавената продажба на Офицерскиот Дом во Битола.

На вчерашната седница побаравме Советот на Битола да изгласа препорака за да се запре продажбата на истиот, да остане во сопоственост на Р Македонија и со сретства од буџетот на Р Македонија да се реконструира.

ВМРО-ДПМНЕ и Владата на заминатиот премиер Никола Груевски го раскрчмува значајното културно наследство за сопствени криминални цели, изигрувајќи ги надлежните национални институции“, рече советникот во Општина Битола од редовите од на СДСМ, Горан Козаров.

„Некредибилната актуелна влада ја користи лошата законска регулатива за остварување приватно-партиски интереси.

Во член 51 од Законот за заштита на културното наследство стои дека културното наследство од особено значење во државна состојба не смее да се отуѓува.

Зошто Владата ја кочи иницијативата на надлежната институција НУ Завод и Музеј Битола којашто има изготвено Предлог за ревалоризација на Официрскиот дом како културно наследство од особено значење кој е предаден во Управата?

Затоа, СДСМ заедно со граѓаните ја продолжува борбата Офицерскиот дом да остане на градот Битола и битолчани.

Во оваа прилика го најавам протестот кој ќе биде организиран во среда во 18 часот на истата оваа локација пред Офицерскиот Дом. Ги повикувам сите добронамерни граѓани и организации да ни се приклучат“, изјави Горан Козаров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Споменик на Јонче Христовски поставен во Старата чаршија во Битола

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?