СДСМ Битола: Марионети на власта протестираа пред опозицијата

Од:

СДСМ Битола реагира на , како што велат непочитувањето на Интернационалниот фестивал „Браќа Манаки“ од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„ДПМНЕ ништо не респектира и не почитува, и во нивни препознатлив стил, денес манипулира со десетина земјоделци и како марионети ги натера да протестираат пред опозицијата.Очигледно, Груевски и Талески го изгубија тлото под нозете и незнаат кај тераат. И сите други им се виновни, само тие не“, рече Методија Илиевски..

ДПМНЕ, рече  се фали дека обезбеди милиони евра за субвенции за земјоделците, и праша тогаш од каде и зошто вакво незадоволство?!

„Ова не е ништо друго, туку тргање на вниманието на јавноста од катастрофално лошата економска и политичка состојба во која токму Груевски и „фамилијата„  ја втурнаа Македонија.Но, граѓаните многу јасно ги препознаваат овие инсинуации и овој срам за Битола кој се случува за време на еден од најкултурните настани во нашиот град. И затоа за многу кратко, на следните избори ќе ја казнат оваа погубна политика на ДПМНЕ“, рече Илиевски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он