СДСМ Битола го одбележа големиот национален празник 8-ми Септември – Денот на независноста

Од:

Делегација на ОО СДСМ Битола составена од Васко Ковачевски – Претседател, Методија Тасевски – член на ЦО на СДСМ и Бисера Костадиновска – члена на НО на СДСМ, положи свежо цвеќе пред Споменикот на сите паднати борци.

„Денес е голем ден, денес е роденденот на Републиката! Пред 22 години, на 8-ми Септември македонските граѓани преку референдум со огромно мнозинство го потврдија сопствениот стремеж, сонот на предходните генерации, ја прогласија Македонија за самостојна, суверена и независна држава. Денес даваме почит кон сите оние кои и во Илинденското востание, и во Народно ослободителната војна го дадоа својот живот за една и единствена цел – слободна и независна Македонија.

SDSM 8mi Septemvri 1

– Исто така, даваме почит кон ликот и делото на Киро Глигоров, првиот Претседател на независна Република Македонија, творецот на нашата независнот, таткото на нацијата. Сите ние, да се потрудиме во наредниот период Македонија да биде послободна, подемократска и интегрирана во евроатланските институции. Таква Македонија, надежна и просперитетна да ја оставиме на следните генерации.

– Во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, упатувам честитка до сите граѓани на општина Битола, нека е честит и вековит денешниот ден. Да живее Република Македонија“, изјави Васко Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО