(ВИДЕО) СДСМ Битола: Да беше Талески посветен на општината, Битола денеска ќе беше Париз

Од:

„Синоќа во Битола се одржа митингот на ДПМНЕ. Синоќа Талески и Груевски си правеа приватна журка на која присуствуваа сите освен битолчани. Синоќа имаше скапи реклами и скапи огномети со кои за жал изгореа парите на граѓаните. Само не знаеме што славеа, па затоа ги прашуваме.

– Дали ги славеа ветените, а неостварени: Катни и подземни гаражи; Битолската топлификација; Ветениот Затворениот базен; Киното Манаки; Ги славеа ли сиромаштијата и безработицата; или Пропаднатиот спорт и Туризмот во колапс; Или можеби го славеа влезот во НАТО и ЕУ;

– Да беше Талески толку успешен, чесен и посветен на општината, колку што синоќа беше ироничен, Битола денес ќе беше Париз. Имаше мандат од 8 години, и 200 милиони евра потрошени пари, а зад себе остави опустошена општина. Токму затоа на 24-ти март битолчани ќе изберат напредна и перспективна Битола. Ќе ги изберат Менде Диневски и Советничката листа на Сојузот за иднината. Ќе го изберат бројот 42. Иднината сега! Време е“, рече на денешната пресконференција Васко Ковачевски, носител на советничка листа во Битола од Сојузот за иднината.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски