СДСМ Битола: Без сила и насилство до вистинско единство

Од:

„Дозволете да го изразам нашето несогласување со практицирање на демократијата во Р. Македонија. Поновата историја не памети подвојување на македонското и општественото ткиво, како што денес се обидува да го направи актуелната власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател Никола Груевски.

– Овој протестен собир е собир за национално единство и мултикултурна Македонија. Но не со онаа декларативност, содржана во додавката на владејачката партија. Вечерва до мене и околу мене, има голем број на студенти и професори, кои енергично се противат на силата и насилството.

– Низ историјата на светската цивилизација, студентите и професорите преставуваа вистинскиот нуклеус во развојот на светското општеството, посебно во новото време. Денес интелегенцијата е уплашена, замолчена и маргинализирана.

– Универзитетот масовно се партизира, студентските организации се корумпираат, се со цел, неутрализираат во битката за прогрес на македонското општество. Од денешна перспектива, не е важно дали и како си живеел во “темното минато”, како што често се обидува да го прикаже ВМРО ДПМНЕ, туку како народот умира во сегашната Преродба на Никола Груевски.

– На крајот да потсетам на битката за единство и независност на големиот водач, на уште поголемата економска, демографска и светски респектираната ИНДИЈА, Махатма Ганди кој вели: „Без сила и насилство до вистинско единство и самостојност!”

– Тоа е денес СДСМ и Сојузот за иднината, тоа е овој протестен собир“, изјави на денешниот собир во Битола, Проф.д-р Томе Наумов, член на ИО СДСМ Битола.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата