СДСМ: Без задолжувања може да се обезбедат 55 милиони евра за поплавените!

Од:

Искористувајќи ги поплавите и судбините на семејствата од поплавените подрачја, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски предложија ребаланс на буџетот.

Освен пренамената на 33 милиони евра за отштета, кои патем без срам изјавија дека ќе ги обезбедат од ново задолжување, дополнително ВМРО-ДПМНЕ се обидува да си обезбедат 232 милиони евра за предизборна корупција.

Никола Груески неуспешно се крие зад потписот на директорите на АД ЕЛЕМ и на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје.

Средствата за Рајската Градина и за Панорамското тркало се прелеани во буџетите на овие две компании, кои се во целосна сопственост на граѓаните на Република Македонија.

Тие 33 милиони евра се сопственост на сите граѓани.

Заедно со 20-те милиони евра од четвртата еврообврзница, планирани за бегалската криза, кои не се потрошени, сумата која може да се обезбеди без никакви дополнителни задолжувања е најмалку 53 милиони евра за помош на настраданите во скопскиот и тетовскиот регион.

Р.Македонија нема веќе простор за нови задолжувања.

Намалувањето на кредитниот рејтинг од страна на Агенцијата ФИЧ е поради темпото на задолжување во изминатите осум години и поради огромните корупциски скандали.

Колку за споредба кредитната агенција Стандард&Пурс веќе двапати во изминатите 8 години го намали кредитниот рејтинг на Македонија, во услови кога не ни беше почната политичката криза во Македонија.

Само оваа Влада со своите погрешни економски политики е виновна за состојбата во која се наоѓаат сите граѓани на Р.Македонија. За оваа Влада БАРОКОТ е пред интересите и проблемите на ГРАЃАНИТЕ.

Затоа на Македонија и се потребни демократски промени и нова, чесна и одговорна власт на којашто врвен интерес ќе и бидат граѓаните, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски