СДСМ: Без идеи Груевски промовираше мерка од Програмата на СДСМ за сточарите

Од:

„Откако неговото 10 годишно криминално владеење драстично го намали добиточниот фонд, ги осиромаши здемјоделците и ги опустоши селата, денес Груевски во недостаток на идеи и губење на поддршката од земјоделците започна да промовира мерка од Програмата на СДСМ.

Никола Груевски е минато и не може ништо да им ветува на земјоделците. Груевски го чека одговорност за криминалното владеење коешто 10 години е на директна штета на вистинските земјоделци коишто ги остави без земја, пасишта, без помош и поддршка.

Земјата и пасиштата Груевски ги даде на неговите послушници. Помпезно најавуваните проекти како Свед Милк и Субрата Рој доживеа колапс а се покажа и тесна поврзаност со криминални активности.

ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години покажа дека нема никаква стратегија за развој на сточарството.

Добиточната храна е скапа, млекото се откупува по крајно ниски цени од 15 денари за литар, нема пласман за јагнињата во странство…

Груевски лаже кога вели дека од една крава на сточарот му останува зароботка од 1.000 евра. Ако беше така добиточниот фонд во земјава наместо да опаѓа, ке растеше, производството на млеко ке се зголемуваше, немаше да се испразнат македонските села.

Дали Никола Груевски сака да му се додворува на неговиот бизнисмен Орце Камчев да направи обнова на стадото? Или пак мисли да го наполнува пасиштето од 200 хектари кое Миленко Неделковски го има земено за 60 кози?

Земјоделците не дозволуваат Никола Груевски повеќе да ги лаже и манипулира.

Земјоделците знаат.

Доаѓа слободна, демократска и правдна Македонија.

По демократските промени новата власт ќе ги спроведе мерките од програмата на СДСМ коишто ќе обезведат подобри услови за вистинските земјоделци, за вистинските сточари“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел