(ВИДЕО) СДСМ: Бетон ги плаќал авионите со гласачи од Швајцарија

Од:

СДСМ пушти снимки за кои посочи како бил договоран авионски превоз за контигенти гласачи од странство а за кои според партијата, платила фирмата Бетон.

Беа презентирани снимки за кои беше посочено дека се помеѓу Миле Јанакиески и Кирил Божиновски и на Јанакиески со Трајко Трпевски за да му пушти профактура да се плати авионскиот превоз за гласачите од Швајцарија.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Кирил Божиновски

КБ: Да
МЈ: Значи Тревисо…
КБ: Како?
МЈ: Тревисо, 350 души, едниот 190 другиот 160ка, 105 илјади евра двата…
КБ: Многу бе.
МЈ: Е толку е Кире
КБ: 105 а? Аа Швајцарија башка а?
МЈ: Швајцарија многу е скапа понудата има една евтина понуда од Базел ама барам друга сеа.. Базел од Швајцарија само голем најдовме 240 патници не знам.. 90 илјади евра скап е тој, сеа поевтин барам
КБ: Не ама види Швајцарија мене ми кажаа максимум има 120 луѓе, иначе они обезбедиле сеа 86 ја им реков да напраат до 100 100 и нешто…
МЈ: Ама Кире едно е за 100 значии…
КБ: Јасно ми е мене сакам да ти кажам дека поголем не ни врши работа.. пошто нема ништо
МЈ: Ја барам за 120 ако се 100 е друг авион разбираш? Крева во цената..
КБ: Да. Ај види и кажи ми.
МЈ: Епа еве ти за Тревисо дај да го завршиме. Кажи ми на кого да се плати и да завршиме…
КБ: Ајде ајде сеа ќе вртам ја.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Трпевски

ТТ: Изволте министре.
МЈ: Кире ми се јави за плаќање.
ТТ: Епаа.
МЈ: 150 илјади евра треба да платиме
ТТ: Е пааа колку?
МЈ: 150.
ТТ: Не бе не после ми се јави Кире другачије е.
МЈ: Шо?
ТТ: Епа, рече 100 и треба да ми пушти документ. Али
МЈ: Профактура ја ќе ти пуштам дај ми мејл и ќе ти пуштам профактура.
ТТ: Не бе не ама Кире ми вика…Кога се виде ти со Кире?
МЈ: Не се видов сега ми се јави на телефон рече…3 авиони се едниот е 105 другиот 50…
ТТ: Е па тие, тие ги чекам да ги да ги пуштите.
МЈ: Е па дај ми мејл на кој профактура да ти пуштам.
ТТ: Ќе ми ги пуштиш на мејл или на
МЈ: На мејл профактура ќе ти пуштам, дај ми мејл
ТТ: Е па Т Трпевски
МЈ: Пушти ми на смс
ТТ: Ајде ајде

Би можело да ве интересира

Ливриниќ: Скопје Север ќе го направиме место каде што сите ќе сакаме да живееме

Трајановски: Жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година

Кандидат за советник на ЗНАМ нападнал активисти на СДСМ, тврди Мартин Костовски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Филипче: „Или си СДСМ или не си“

(ВИДЕО) Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Горан Наумовски